Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со својот тим Џенова вечерва гостува кај Наполи, во воведниот натпревар од 24. коло на италијанската Серија А.
Во дуелот против својот некогашен тим Пандев се надева дека конечно ќе го постигне својот прв гол сезонава во натпреварите во Серија А. Тој досега настапи на 13 првенствени натпревари, но се уште се нема запишано во листата на стрелци. Далеку поголема ефикаснот Пандев има во натпреварите во Купот на Италија во кои на три средби постигна четири гола.
Натпреварот во Неапол ќе започне во терминот од 20 часот и 45 минути.
На останатите средби од 24. коло во Серија А ќе играат:
Сабота
20:45 Фиорентина – Удинезе
Недела
12:30 Кротоне – Рома
15:00 Интер – Емполи
15:00 Палермо – Аталанта
15:00 Сасуоло – Киево
15:00 Торино – Пескара
18:00 Сампдорија – Болоња
20:45 Каљари – Јувентус
Понеделник
20:45 Лацио – Милан
Табела: Јувентус 57 бодови, Рома 50, Наполи 48, Лацио 43, Интер 42, Аталанта 42, Милан 40, Фиорентина 37,…