Претежно облачно со температура до 9 степени

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаба магла по одделни котлини и по речните долини, а на некои повисоки места и на планините ќе има сончеви периоди. Локално се уште се можни слаби врнежи од дожд особено во јужните и во западните делови на земјава, а на планините ќе има слабо провејување снег. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до девет степени.

Во Скопје слично време со температура од еден до девет степени.

До крајот на неделава времето ќе биде стабилно и суво со благо опаѓање на температурата. Од понеделник ќе има покачување на дневната температура, а утринската ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски