Санкционирани загадувачи на воздух во Бардовци

Од:

Овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари од општина Карпош денеска при континуирана контрола на локација во населбата Бардовци утврдиле неовластено палење на отпад (гуми, кабли, пластика).

Инспекторот, како што информира општина Карпош, побарал асистенција од полицијата која извршила увид, при што го идентификувале лицето кое палело недозволени материјали. Комуналните редари од општина Карпош на сторителот на прекршокот му изрекле казна, согласно Законот за јавна чистота.

– Контролата на инспекторот и комуналните редари продолжува и наредните денови со цел да се спречат овие сериозни прекршоци од несовесните граѓани, соопшти од општина Карпош.

Општина Карпош апелира до своите сограѓани на поголема свесност бидејќи, како што се наведува, при согорување на овие материјали се предизвикува опасен ефект, при што се ослободуваат токсични супстанци во воздухот.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло