Тероризам врз сопствениот народ

Од:

Македонија 2017, модерен 21 век, век на најнови научни достигнувања, нови моменти во модерниот свет, најнови лекарства, апаратура, роботи и што ли уште не. Македонија во чекор со модернизмот, најдобра меѓу најдобрите, во самиот врв на Европа и светот. Огромни телевизори на плоштадот, комуникација насекаде, лап топ за секој ученик, стипендии за најдобрите, па здравје Ламборџини за најумните.

Ете тоа е виртуелната Македонија во кратки црти и по некој недовршен момент. Реалноста е нешто најболно што досега не да не го гледавме туку ни го сервираа да не го гледаме и да сме слепи при сопствени очи. Зошто? Дали тоа е возможно? Дали толку пари беа земени само да ни се пере мозокот, режимските медиуми се ослепеа од пари, а сега почнаа да штрајкуваат. Зошто го правевте тоа на овој народ во 21 век?

Коњи, лажни богови, мртви идоли, барок, уште инквизицијата да ја прикажевте сликовито и пеколот на Данте да го направевте од стиропор, ќе бевте врв, не за џабе не нарекоа Неа Стиропори, станавме за потсмев на целиот свет да се потсмева со нас. Спроведовте тероризам врз сопствениот народ и тоа најболен тероризам, сеевте страв, убивавте, уништувавте, уценувавте, а најпсихички болно е што уживавте во тоа.

Е сега да ви кажам и што создадовте. Создадовте болно општество, создадовте безрбетници, создадовте вазали и сејмени, создадовте луѓе нелуѓе кои сега играат на четири страни не на две или три. Имате направено таков момент да брат со брата не сака да се види поради политичката определба, едниот е во една партија другиот во друга партија. Јас медицински ќе се изразам дека направите народот да е со подвоена свест. Има една стара изрека после дожд многу печурки никнувале. Е да никнуваат бидејќи сушата поминала па сеа ќе се изнародат ама знам дека тие сега во ова време што ќе се изнародат а биле под јорган планина цело време заштитени, сега во новата рожба ќе се отровни.

Кој умен јаде отровна печурка? Отровни ќе бидат и луѓето што ќе бидат како ново печени експерти а дотогаш ни глас не им се слушнал од пусти страв да не ги изгорат лошите чичковци кои се на власт. Создадовте и рекетари, медиумски рекетари кои си играат со животите на граѓаните независно дали се познати или непознати ја нарушивте интимата на обичниот граѓанин па сега сакате и вие да си каснете од задното дебело месо бидејќи со ваш камен по ваша глава, сега и вас ви е нарушено се а бога ми и заслуживте. Знам дека вистината боли но мора да и погледнеме во очи и да се справиме со она што се вика” што си сеел тоа ќе жнееш”.

Тодорофф од што малку му е една плата и се останато што има наплатено сега и пратеничка плата зема, да има тужба, ама една тужба му е малце. Треба целиот оштетен народ, пациентите сите што остана инвалиди и оние кои ги изгубија најмилите да си земат адвокати и да го тужат за злоупотреба на службена должност и овластувања, тој е директно одговорен не државата. Секаде каде отиде како раководител како цунами да поминало, направи катастрофа во секоја институција што ја владееше, интересно е што за се има докази. Секојдневно излегуваат слики како изгледаат неговите реформи, големите реформи на малиот диктатор во здравството, втурна стотици милиони евра а не направи ништо а кај се парите?

Болниците ги направи да изгледаат како јавни тоалети, да се поплавуваат цели одделенија, да нема основни средства за работа а камо ли дезифициенси и да не му редам бидејќи сите веќе го знаат министерот СМРТ кој дури фингираше и статистики да лаже дека здравството е “најбоље” у свет со што тотално докажа дека е шарлатан , само ќе му порачам јамболиите, теписите и се што се става пред болниците да си ги земе со себе ќе му требаат. Новите сили кои ќе пристигнат да не бидат печурки и вазали туку одговорни и работоспособни луѓе за да го обноват се онаа што е уништено за да не гледаме репризи, на Македонија терор врз сопствениот народ и реприза на оваа гнасна епизода не и е потребна.

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска