Реакција на МД „Илинден“ за тврдењата дека во Албанија живеат Бугари

Од:

Македонското дрштво „Илинден“ со седиште во Трана и неговиот огранот за Голо Брдо, од името на Македонците во Албанија реагираа во врска со тврдењата на Друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча дека во Албанија живеат Бугари и категорично порачаа да се престане со барањето Бугари каде што ги нема.

– Најостро го осдуваме тврдењето на дрштвото, кој е груб фалсификат на историјата и вистината. Јасно и гласно кажуваме и треба секому да му е јасно дека на територијата на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така i ќе остане. Членовите на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча со земените бугарски пасоши се обидуваат вештачки да создадат Бугари во Албанија, кои никогаш ги немало и ги нема, стои во острата реакција на „Илинден“.

Македонското друштво „Илинден“, претходно во име на сите Македонци во Албанија во реакцијаta го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП, за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија, како услов за членство на земјата во ЕУ.

– Категорично отфрлајќи ги тврдењата на бугарските претставници во ЕП, ние Македонците категори;но порачуваме да не се фалсификува историјата и чистата вистина, бидејќи во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија живеат единствено Македонци, а не Бугари, наведуваат во реакцијата.

Македонците побараа од владите во Тирана и во Скопје, да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побараат Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски