Шкотскиот Парламент денеска формално ќе гласа против тоа, британската Bлада да го започне процесот за Брегзит.
Врховниот суд на Велика Британија минатиот месец пресуди дека нема законска потреба, Парламентот во Единбург, да даде согласност околу отворањето на постапката за излегување од ЕУ, како што бараа шкотската Bлада и пратениците на владеачката Шкотска национална партија (СНП) .
Првиот министер Никола Старџен изјави дека ќе им биде овозможено на пратениците да го изнесат своето мислење, но таа се согласува дека денешното гласање може да има само симболично значење.
СНП верува дека расправата и гласањето, сепак, ќе значат „силна порака“ дека иднината на Шкотска е во рамките на ЕУ.
Минатата недела, во првата расправа во британскиот Парламент за предлог-законот на Владата на Тереза Меј за Брегзит, СНП се обиде да го блокира неговото прифаќање.
Од 59 пратеници во Вестминстер, што доаѓаат од Шкотска, само еден, министерот за шкотски прашања во бритнската Блада, Дејвид Мандел го подржа предложениот закон.
Тоа не беше доволно за негово блокирање, па законот на Владата во Лондон доби уверливо мнозинство, затоа и што опозициските лабуристи во овој случај, ја поддржаа владата.
Во текот на вчерашното второ читање на законот, во британскиот Долен дом, владите на Шкотска, Велс и Северна Ирска, предложија низа амандамани на законот, но на крајот ниту еден не беше усвоен.
Пратениците на СНП и Владата во Единбург се против законот на британската Влада за Брегзит, затоа што претходно, не биле целосно консултирани владите во деволуираните делови на Велика Британија.
Шкотската влада е незадоволна што Владата во Лондон не сака да даде гаранции за статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија, а особено затоа што Тереза Меј и нејзините министри не ги објаснуваат последиците од од британското повлекување од единствениот пазар на ЕУ.