Два натпревара суспензија за Икарди и Перишиќ

Од:

Фудбалерите на Интер, Иван Перишиќ и Мауро Икарди, добија суспензии од по два меча поради инцидентите на неделното дерби со Јувентус. Така Интер покрај загубениот меч (1:0), во борбата за што повисок пласман на табелата во следните две рунди ќе биде без двајцата свои важни играчи.

Перишиќ доби црвен картон во самиот финиш од натпреварот поради приговор, додека Икарди е санкциониран поради обид да го погоди судијата Никола Рицоли со топка откако беше означен крајот на дербито на 23.коло во Италијанското фудбалско првенство.

Останува да се види реакцијата на Интер по ваквите одлуки на надлежните од италијанскиот сојуз. Раководството на тимот од Милано имаше големи замерки за судењето на Рицоли, а таквите тези беа изнесени и во тамошните спортски медиуми каде главниот судија е обвинет дека при резултат 0:0 не досудил два пенала за „неро-азурите“.

Интер има право на жалба за суспензиите на неговите двајца фудбалери.

Икарди и Перишиќ казните ќе ги одлежат на мечевите со Емполи и со Болоња во следните две рунди од Серија А.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска