Специјалното јавно обвинителство работи по налог на Зоран Заев и тоа секогаш се активира по нивните потреби, рече по распитот, екс министерката Гордана Јанкулоска.
– Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води било какви постапки кои се поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организавиони делови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога им е потребно да постигнат некоја цел, рече Јанкулоска.
Таа не сакаше да даде детали затоа што се зборувало во СЈО и рече дека ќе ја почитува тајноста на предистражната постапка, а за повеќе информации да се обратиме до обвинителството.
– Јас како правник, личност која што одбрала професија да и биде правото, доследно го читам законот и тој вели дека постапките се тајни, меѓутоа очигледно некој го чита поинаку законот и со оглед на тоа што ве повикале овде мислам дека ќе бидат доволно коректни бидејќи веќе подолго време сте тука да ви соопштат за кој предмет, рече екс министерката за внатрешни работи.
Јанкулоска кажа дека досега освен во СЈО за овие предистражни постапки била на распит и во Основното јавно обвинителство.
Според неа, колку и да повикува СЈО претставници на ВМРО-ДПМНЕ, исходот и сликата во јавноста не може да се смени.
Александар Тодески