Монако забележа убедлива победа од 3-0 во дуелот против Ница, во дербито од 23. коло на француското фудбалско првенство.
Иако во првиот дел мрежите мируваа, во вториот, домаќините постигнаа три гола. Валери Герман во 47. минута го отвори резултатот, по што следуваа два гола на Радамел Фалкао (60 и 81.минута) за убедлива победа на Монако од 3-0.
Со оваа победа и освоените три бодови, Монако сега изби сам на врвот на табелата пред Ница и Париз Сен Жермен кој вечерва гостува кај Дижон.
На останатите натпревари кои ќе се играат вечерва ќе се сретнат: Бордо – Рен, Гингамп – Кан, Лил – Лориен и Монпеље – Бастија.
За утре, закажани се последните три средби и тоа: Тулуз – Анже, Нант – Нанси и Сент Етјен – Олимпик Лион.
Потсетување дека вчера во воведниот натпревар Мец го победи Олимпик Марсеј со 1-0.
Табела: Монако 52 бодови, Ница 49, Париз Сен Жермен 46, Олимпик Лион 37 (-1 натпревар помалку), Сент Етјен 33, Олимпик Марсеј 33