Утрово магла, во текот на денот температури до 13 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во крајните западни делови, а во источните делови ќе има и појава на краткотраен дожд. Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје изутрина магливо и тивко, преку денот променливо облачно.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе започне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски