УХМР: Топењето на снегот може да предизвика штети кај лозјето, овошките и есенските посеви

Од:

Со топењето на снегот можно е да се детектираат првите оштетувања кај земјоделските култури, посебно кај овошките и виновата лоза кои најмногу настрадаа во изминатиот период, на екстремните минимални температури.

Според агрометеорлозите, наглото топење на снегот може да предизвика и формирање поголеми површини покриени со вода во депресиите што е непријатно за есенските посеви доколку се појават зимски мразеви без присуство на снежна покривка.

– Порастот на температурите и топењето на снегот ја зголеми влагата во почвата која подолг период се одржуваше во замрзната состојба и малку беше достапна за растенијата, а ќе биде повеќе од потребна во пролетниот период при обновување на вегетацијата. Во наредниот период очекуваните температури на воздухот со вредности околу 10 степени ќе овозможат нормално презимување и кратка релаксација од претрпените шокови во изминатиот период, оценува УХМР.

Позитивните утрински температури или температурите блиски до нулата, како што наведува УХМР, барем до средината на наредната седница нема да дозволат погоелми варирања што е погодно за земјоделските култури.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Почнува летното сметање на времето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он