Ракометарите на Вардар остварија нова победа во СЕХА лигата и се наоѓаат чекор поблиску до првото место во регуларниот дел од сезоната. „Вардарци“ попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на Нексе со 37:29 (17:16).
Ова за Вардар беше последниот натпревар на домашен терен сезонава во СЕХА лигата.
Во првиот дел Вардар имаше минимална предност, а гостите првото и единствено водство го имаа во 36.минута (20:21). Но, македонскиот првак потоа со серија од 4-0 го презеде водството, а до крајот на натпреварот само го зголемуваше.
Иван Чупиќ од Вардар со 8 голови беше најефикасен на натпреварот, додека кај Нексе Ведран Зрниќ постигна најмногу голови – 7.
Табела: Вардар 41 бод, Веспрем 35, Загреб 28, Цеље 27, Мешков 26, Горење 12, Нексе 12, Металург 10, Татран Прешов 10, Извиѓач 3.