Општина Битола додели средства од одложената новогодишна програма

Од:

Советот на општината Битола одлучи да додели финансиски средства на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“-Битола за отворање на Сензорна соба.

Средствата во износ од 500.000 денари, кои беа планирани за новогодишната програма што не се одржа, се доделуваат од буџетот на општината Битола, одлучија членовите на општинскиот Совет.

Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ е единствена установа од ваков тип во државата во која учат деца на возраст од 3 до 17 години, а се уште нема Сензорна соба, се појаснува во образложението на одлуката.

Членовите на Советот на општина Битола одлучија остатокот од средствата планирани за новогодишната програма, да бидат доделени на лица кои примаат социјална помош.

Би можело да ве интересира

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски