Ристоска го демантира Курир: Не живеам на таа улица, ниту сум се сретнала со Заев

Од:

Ве известувам дека мојата адреса на живеење не е на ул. Алберт Ајнштајн во Скопје и дека информациите за моја наводна средба со лидерот на политичката партија СДСМ, истакнати во медиумите „Курир“, „Република“, „Вечер“, како и на порталите „markukule“, „puls24.mk“, „netpress.com.mk“ се невистинити во целост, вели Специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска по „веста“ на Курир.

„Со оглед на тоа што објавената иформација е невистинита, а јас како засегната страна воопшто не бев прашана пред објавување на информацијата, барам овој демант да биде објавен од сите медиуми кои ја проследија ваквата неточна информација и барам јавно извинување од овие медиуми и портали, со оглед на фактот дека со објавувањето на вакви неточни информации се нанесува штета на мојот углед. Воедно укажувам дека согласно законските прописи објавата на демантот е задолжителна“, стои во демантот на Ристоска.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Поскапени поштенските и курирските услуги

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Обвинителката Ристоска го доби случајот за дискриминација против Советот на јавни обвинители

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Ристоска: Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци

Горан Наумовски