Синдикати од регионот дебатираат за социјалната кохезија и унапредувањето на работничките права

Од:

Претставници на синдикалните движења од 10-тина држави денеска во Скопје дебатираат за новата европска политика за социјална кохезија.

Конференцијата се одржува под покровителство на Европската унија, а целта е да се разменат мислења и искуства околу социјалниот дијалог и како тој функционира во европските држави и во оние кои се кандидати за пристапување кон ЕУ.

– Социјалниот дијалог е еден од столбовите на кои се заснова Европската унија, а во една земја како Македонија, која е во преговори за пристапување кон ЕУ, социјалниот дијалог е еден од основните прашања на кои треба да се работи. Она што сакаме да го направиме е да и помогнеме на Македонија да направи големи чекори за исполнување на овие услови, изјави Пјерџорџио Шакуа, заменик-претседател на Христијанското демократско движење во Италија.

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков очекува дека од конференцијата ќе произлезат многу искуства кои Македонија ќе може да ги искористи во унапредувањето на социјалниот дијалог.

Тој смета дека работничките права може да се подобрат само доколку синдикатите се занимаваат со вистински синдикални активности и се борат за подобрување на условите за работа.

– Очекувам синдикатите да се занимаваат со вистински синдикални активности и да се залагаат за правата на работниците. Кога ќе го подобриме функционирањето на синдикатите во државата, убеден сум дека работничките права ќе се зголемат, изјави Неделков.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски