Наскоро нова фасада на општинската зграда во Кочани

Од:

Во Програмата за изградба и асфалтирање на улици во градот и населените места во општина Кочани најавено е асфалтирање на три улици од кои една во Кочани и две во населбата Оризари.

– Се работи за асфалтирање на улиците „Карпошево востание“ во Кочани, како и „Асном“ и „Гоце Делчев“ во населбата Оризари. За оваа намена ќе бидат потрошени 4,6 милиони денари, средства кои на општината и останаа по асфалтирањето на десетте улици во градот минатата година. Средствата беа обезбедени од Светска банка и делот што преостана најрационално ќе биде искористен, изјави градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.

Тој информираше и за проектот на Источниот плански регион за користење средства од ИПА програмата за прекугранична соработка, што ќе го спроведуваат општина Кочани и општина Благоевград од Република Бугарија.

– Со овој проект ќе се добие нова фасада на општинската зграда, ќе биде замненет покривот, доградено поткровје, замена на прозорците и вратите, а ќе се изгради и пристапен лифт за инвалидизираните лица. Со ова ќе се добие енергетски ефикасна зграда, истакна Димитровски.

Според него, наредната недела ќе биде распишан повик за јавна набавка, а во април ќе биде склучен договорот за изведување на работите. Реновирањето и доградбата на општинската зграда во Кочани се очекува да се реализира за неполна година.

Општината од сопствениот буџет за 2017 година веќе издвои средства за реконструкција на електричната, водоводната и канализациската инсталација, кои се стари над педесетина години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат