Облачно и потопло, претпладне магла по котлините

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со ниска облачност и појава на магла особено претпладне. Во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје слично време, умерено облачно со слаба магла претпладне. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.

И во петок ќе има услови за слаб локален дожд во крајните западни делови, додека во сабота и недела на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на натамошен пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски