ВИДЕО: Заев го побарал мандатот, Иванов не го дава – бара 61 потпис

Од:

По повеќе од 2 часа средба со Претседателот Иванов, лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека иако го побарал мандатот од него тој рекол дека нема да му го даде доколку не даде потврда со 61 потпис дека може да формира Влада.

Иванов му одговорил дека нема да му го даде затоа што се второпласирана партија, туку само доколку може да формира Влада.

На прашање дали се прифатливи избори Заев одговори дека на СДСМ најмногу му одговараат нови избори, но бидејќи на Македонија и на другите политички партии не им одговараат избори тоа нема да се случи.

Тој рече дека тоновите од Брисел не се за широка коалиција со сите партии, туку што е можно поширока коалиција за постабилна политичка Влада. На прашање дали сепак би прифатил широка коалиција со сите партии, тој рече дека нема да прифати никаква коалиција со лица осомничени од СЈО.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев