Фудбалерите на Интер вечерва пред својата публика ќе го пречекаат составот на Лацио во натпревар од четвртфиналето на националниот Куп на Италија.
Ова ќе биде третата средба од четвртфиналната рунда која беше отворена минатата сезмица, а по која тимовите на Наполи и Јувентус веќе го формираа првиот полуфинален пар.
Вечерашниот натпревар на „Џузепе Меаца“ ќе се игра во терминот од 20 часот и 45 минути, а победникот во полуфиналето ќе игра со подобриот од последниот четвртфинален натпревар кој ќе се игра утре во Рим, каде Рома ќе биде домаќин на Чезена.