Клизоски и Кмишева, мојата малолетна ќерка не смее да гази врз сликовниците што знае да ги расфрли по подот, но Вие и тоа како можете да газите по Уставот. Нејзината казна, во најмала рака е да ги собере од подот.
Псевдо Саво, членот 90 веројатно „го дорекува“ вработувањето на твојот син.
Ова не е лична работа. Ова не е мешање деца, условно кажано, туку само крик против тоа како создавате свита истомисленици.
Во истиот избор Псевдо Саво, учестуваше и член на моето семејство и нормално е дека заврши како деградационен продукт. Да беше жив, денес, ќе се радуваше за тоа што не Ви е колега, иако долго живееше со факултетот и беше многу блиску да ја победи Вашата семејна лоза од титули.
И да, Саво, среќа што не слушна дека негов колега рече дека сме мултинационална држава, ниту пак го гледа злобното сквернавење од неговата блиска соработничка Кмишева.
Псевдо Саво и Псевдо Мишева, сепак, кои се тие понуди за така лесно да испраќате прасе во џамија, кукаст крст во црква, Куран и Библија на Катедрата за патофиза, риба во терариум, фолкер на рок свирка, банка во Саудиска Арабија,…?
Псевдо Саво, не ја враќај дипломата! Сепак си ителектуалец. Но затоа, врати го достоинството. Псевдо Мишева, трк со Ѓорѓе, тој мандатот, ти дипломата….
Што Ви е Вам, луѓе? Саводинија, Карамакедонија, нека трепкаат како предлог за име на земјава.
Дејан Блажески