Конференција за проверка на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството

Од:

Лажните вести претставени како факти, фикција како реалност и злоупотреба на принципите и стандардите врз кои почива доброто новинарство се тема на 12-тата меѓународна конференција „Е-општество.мк“ на тема „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“.

На конференцијата се разговора за важноста на проверката на фактите во медиумите и од аспект на борба против лажните вести и од аспект на почитување на стандардите во новинарството.

Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн рече дека медиумската писменост е многу важна за развојот на демократијата, а етичките медиуми помагаат да ја разбереме околината во која што живееме.

Претседателот на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија Мирче Адамчевски изјави преку 70 отсто од сите жалби што пристигнуваат до нив се однесуваат на непочитување на основното новинарско правило за проверка на точноста на информацијата. Покрај тоа бројни се примерите за прекршување на правилото за почитување на приватноста, говорот на омраза, мешање на факти со коментари.

Сервисот за проверка на факти во медиумите на фондацијата „Метаморфозис“ од почетокот на своето постоење има објавено преку 4.000 илјади текстови од типот на рецензии, анализи, новинарски лекции.

Главната цел на сервисот е промоција на медиумската писменост, а
со тоа повисока свест и знаење кај граѓаните да бараат од медиумите одговорност и медиумски стандарди.

Конференцијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“.

Конференцијата продолжува со работилници на специфични теми за новите технологии и проверката на фактите.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ