ВИДЕО: Никој освен Груевски не сака нови избори

Од:

По Алијансата за Албанците, ниту БЕСА во моментов не смета дека треба да се одржат нови избори кои ги побара ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на партијата, Никола Груевски не успеа да состави мнозинство

Наместо со најавената прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ во неделата излезе со соопштение во кое наведе дека „партијата смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план“, но никој друг освен нив досега не покажа интерес да излезе на нови избори.

Портпаролот на БЕСА, Фатон Фазлиу за А1он вели, партијата смета дека ако има избори би биле сигурен победник, но моментално мислат дека најдобра опција е да се создаде политичка Влада и да не се оди на избори.

– Ние сметаме дека треба да се исцрпат сите можности за да се создаде стабилна политичка Влада, но ако и после овој обид не се постигне такво нешто, тогаш можеме да разговараме за таа тема, рече Фазлиу.

Тој обвини, моменталната ситуација е алиби на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за да не се создаде Влада бидејќи имаат свои калкулации.

– Ние сметаме дека треба да се имаат предвид сите политички актери и нивните ставови и да се најде заеднички јазик за да се излезе од оваа политичка криза која трае веќе две години, рече Фазлиу за А1он.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за А1он рече дека партијата очекува Ѓорге Иванов да го даде мандатот на лидерот на партијата и не сакаа да шпекулираат на тема избори.

Алијансата за Албанците смета дека нема потреба од избори. Според лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, албанските партии не треба да прифатат избори, а доколку тоа се случи, тие ќе ги повикаат сите партии на Албанците да ги бојкотираат изборите.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во неделата по завршувањето на внатрепартиските преговори рече дека се уште не постигнале договр за ниту една од петте точки кои Ахмети ги понудил како решенија, а една од тие точки се избори.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов