Промовирана книга за гимнастиката во Кочани

Од:

Во издание на општина Кочани од печат излезе книгата „Гимнастиката во Кочани“ во која на 200 страници е одбележана историјата на Кочанската гимнастика од 1910 до 2016 година. Автори на ова публицистичко издание се Горги Тодосиев и Илинка Атанасова и двајцата од Кочани.

Публикацијата пред голем број спортски работници, поранешни и сегашни гимнастичари на ДТВ „Партизан“ од Кочани ја промовираше спортскиот новинар Миодраг Мицковиќ.

– Во својата богата 50-годишна новинарска кариера одамна не сум прочитал една спортска книга за историјата на еден спорт во еден навистина спортски град како што е Кочани. Читателите на оваа книга ќе се запознаат со спортската и културната историја на овој град, што во времето пред и по војната ја имала Соколаната, соколското друштво и подоцна гимнастичкото друштво „Партизан“, истакна во своето обраќање новинарот Мицковиќ.

На 200 страници со над 100-тина фотографии, низ документи и исечоци од весници авторите Горги Тодосиев и Илинка Атанасова успеале низ макотрпна истражувачка работа да ја истражат и запишат историјата на гимнастичкиот спорт во градот Кочани почнувајки од 1910 година па до денес.

Би можело да ве интересира

Талентирана гимнастичарка (23) загина по пад од 80 метри, поради селфи

Гимнастичарката Бејлс спортска личност на годината во избор на „Тајм“

Ана Ололовска

Злоставуваните американски гимнастичарки ќе добијат отштета од 380 милиони долари

Катерина Ѓуровски

Британски гимнастичари биле малтретирани и јаделе ќотек од тренери, поднесоа тужба

Жарко Настоски

Златен медал за гимнастичарката Елвира Јангеловска

Ана Ололовска

Преседан во гимнастиката, доделени четири златни медали во иста дисциплина

Ана Ололовска