Пораст на температурите, денеска до 7 степени

Од:

Времето утрово е облачно со појава на магла по одделни котлини. Најниската температура е измерена во Маврово од -9, а дневната ќе се движи од 1 до 7 степени. Преку ден ќе има повеќе сончеви периоди на североисток, а кон крајот на денот во југозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје наутро магливо. Преку денот променливо облачно со почести сончеви периоди попладне. Температурата ќе достигне до 4° С.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, почести на истокот од земјава. По котлините ќе има појава на магла. Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно во западните делови. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски