Џенова одби 20 милиони евра за младиот Симеоне

Од:

Младиот аргентински фудбалер Џовани Симеоне нема да мине во редовите на Виљареал, иако шпанската екипа на неговиот тим Џенова понуди сума од 20 милиони евра.

Синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, останува во италијанскиот клуб, за кој во дебитантската сезона досега има постигнато 10 голови на дваесетте одиграни натпревари во Серија А.

Виљареал се обиде да го донесе 21-годишниот напаѓач, откако „Ел Мадригал“ го напушти Бразилецот, Александре Пато кој се пресели во кинескиот клуб Тјанџин Ченџајан.

Сепак, Џенова реши да ја одбие понудата на шпанскиот клуб имајќи предвид дека во зимскиот преоден рок го продаде Леонардо Паволети кој се пресели во Наполи за сума од 18 милиони евра.

Младиот Симеоне минатото лето пристигна во Италија од редовите на аргентинската Ривер Плата и тоа за сума од 3 милиони евра. За Симеоне кој е роден во Мадрид, веќе интерес пројавија и екипите на Интер и Лацио.

Тој на вчерашниот натпревар против Фиорентина кој заврши нерешено 3-3, беше стрелец на два гола за Џенова.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска