ЕУ очекува Иванов да изврши итна консултација и да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“

Од:

Европската унија по непостигнувањето договор за формирање влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на последните избори и ДУИ, објави дека сега очекува претседателот Ѓорге Иванов да изврши итна консултација со политичките сили во земјата и да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Ова денеска на прес-конференција во Европската комисија го соопшти портпаролката на неформалната Влада на ЕУ, Маја Коцијанчич, која во име на официјален Брисел, уште еднаш предупреди дека „земјата нема време за губење“.

– Ние забележавме дека се уште не е постигнат договор за формирање нова Влада и затоа ги повикуваме сите политички актери во земјата, вклучително и претседателот, да делуваат на смирен и конструктивен начин со целосна одговорност за решавање на сегашната состојба. Знаете дека земјата нема време за губење и во овој поглед очекуваме претседателот, според Уставот, да изврши итна отворена консултација со политичките сили во земјата и брзо да определи лидер за формирање на Влада, кој ќе може да најде заедничко тло за формирање на стабилна, солидна и одговорна коалиција, истакна Коцијанчич.

Гласноговорничката на Еврокомисијата појасни уште еднаш кои се очекувањата на ЕУ во однос на тоа како тие би сакале да изгледа новата македонска Влада:

– Како што кажавме претходно, таква коалиција треба да биде што е можно поширока и да се потпира на силен, инклузивен реформски консензус и меѓуетничка соработка. А, како што добро знаете, ние очекуваме од идната Влада и од сите политички сили во земјата да продолжат со имплементирање на договорот од Пржино и решавање на Итните реформски приоритети, бидејќи сето ова е витално за понатамошен прогрес на земјата на патот кон европските интеграции и ова е нешто на што сите политички партии се обврзаа, а и истото го очекуваат и граѓаните, додаде Маја Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот