Екипата на Сампдорија постигна важна победа попладнево во натпревар од 22.коло од Серија А совладувајќи ја Рома со 3:2 на домашен терен. Овој кикс на Рома го искористи Јувентус, кој победи на гости кај Сасуоло и со тоа се одлепи на врвот на табелата со четири бодови предност.
Резултати на натпреварите од 22.коло: Торино – Аталанта 1:1, Каљари – Болоња 1:1, Кротоне – Емполи 4:1, Фиорентина – Џенова 3:3, Сампдорија – Рома 3:2, Сасуоло – Јувентус 0:2, Удинезе – Милан 2:1, Интер – Пескара 3:0 и Лацио – Киево 0:1.
Во терминот од 20:45 часот играат Наполи и Палермо.
Табела: Јувентус 51 бод, Рома 47, Наполи 44, Интер 42, Лацио 40, Аталанта 39, Милан 37,…