Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Бројот на сообраќајни незгоди кои се случиле на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во второто полугодие на 2016 година е зголемен за 2,7 отсто во однос на истиот период претходната година.

Според податоците презентирани на 39-та седница на Совет на општина Крива Паланка во информацијата за превземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност, Крива Паланка, во текот на извештајниот период на подраќјето на двете општини се случиле вкупно 38 сообраќајни незгоди, додека бројот на сообраќајни несреќи во иститот период 2015 година изнесувал 37.

-Од вкупниот број на случени незгоди, една е со едно загинато лице, осум сообраќајни незгоди се со повредени лица, во кои повредени се 12 лица, додека останатите 29 сообраќајни незгоди се само со материјална штета под 50 просечни плати во стопанството, изјави Гоце Ивановски, командир на ПС од ОН , Крива Паланка.

Вкупната причинета материјална штета во незгодите изнесува 2.743.000 денари.

На превентивно -репресивен план за управување под дејство на алкохол, без возачка дозвола и управување технички неисправно или нерегистрирано возило исклучени се 58 возачи и 34 возила, алкотест бил употребен во 593 случаи, при што во 18 случаи возачите покажале знаци на алкохолираност, додека времено биле одземени 17 возачки дозволи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он