Фудбалерите на Интер остварија победа на синоќа одиграниот натпревар од 22.коло од Серија А.
На домашен терен го совладаа тимот на Пескара со 3:0, а стрелци на головите беа: Данило Д‘Амбросио (23.минута), ЖоаоМарио (43.минута) и Едер (73.минута).
На вториот натпревар одигран вчера Киево како гостин го совлада Лацио со 1:0.
Денеска се играат другите осум натпревари од 22.коло: Торино – Аталанта, Каљари – Болоња, Кротоне – Емполи, Фиорентина – Џенова, Сампдорија – Рома, Сасуоло – Јувентус, Удинезе – Милан и Наполи – Палермо.
Табела: Јувентус 48 бодови, Рома 47, Наполи 44, Интер 42, Лацио 42, Аталанта 38, Милан 37.