Кога ќе сфатиме дека есапот на крајот е преголем, сите ја гледаат сметката ама веќе се е завршено.
Држава имаме од памтивек, ама никогаш не сме успеале да ја додржиме и да ја градиме како што сакаме. Секогаш сами сме ги зафркнувале работите и никогаш не сме се докажале дека нас не бидува да имаме сопствена држава па затоа испаѓа како и никогаш да сме немале. Нам се ни е виновен некој друг, нам секогаш ни ги мешаат лончињата надворешни сили надворешни непријатели, а не сме се запрашале да не случајно е до нас и дека непријателот ни е во нашите пазуви и внатре во нас.
Дали има полошо да си слеп при очи? Е па, нема полошо од тоа, ама ние стално го практикуваме се некој друг треба да ни отвори очите и да не убеди во тоа што треба, а што не треба. Мачна е ситуацијата кога сите се во исчекување, а тоа е само еден невиден театар каде секој дофрла од страна и никако претставата да го добие полниот сјај или пак да барем заличи на некое маестрално дело.
Празнина се чуствува насекаде кој и да сретнеш на улица пријател ќе ти каже дека или тој се спрема да оди во туѓина или дека децата негови веќе се заминати. Крај со крај веќе одамна не се врзува се е дотолчено и е доведено до дното. Пари во оптек нема, се некој некому должи а па државата, државата т.е народот највеќе должи, а не гледаме никаков раскош. Се прашувате ли и вие како мене каде отидоа толку средства, пари и што ли уште не.
Филмот за фабрики, погони, нови болници, богат народ богата држава одавна веќе го изгледавме и пак повторно сакаме да го гледаме или пак живееме по онаа латинската дека повторувањето е мајка на знаењето, ама тоа важи за науката не и за крпениов живот. Мислам дека ако повторно и по 11 години се случи да сакаме да го гледаме истиот филм и да ги слушаме истите приказни ќе се сложам дека ние не заслужуваме подобро, не заслужуваме напреди, не заслужуваме повторно држава.
Мислам дека тогаш ќе се случи ама само помасовно онаа што ни се случува долго години наназад, а тоа е карта за во еден правец и за Македонците и за Албанците и за сите што живеат во Македонијава . Е тек тогаш ќе се оствари претскажаното дека тука ќе остане една мала криминална група и тоа дебело нафатирана со пари од народот а околу нив нивните вазали и чувари и пак оваа парче земја ќе е гето и предмет за договарање каде тоа парче да замине на “чување”.
Мислам дека свесниот дел на народот треба да почне да делува и да прави се кон правец да не се случи се ова погоре кажаното ама за тоа ни треба нов ветар во едрата, нова зора на слободата на која сите се надеваат нови луѓе свесни, чесни и со жар во себе за да ја потурнат државата кон напред, државата која ја сакаат. Саати броени се до исходот мачен но пак морам да спомнам останаа дупките така наречени виртуелни болници, останаа болните без нови лекови и нови генерики, останаа апаратите покриени со бели чаршафи и веќе застареа, слободните медицински зони беа како бајка веќе се легенда и ред други бурлески кои му се сервираа на болниот.
За здравиот народ остана да со се што му сторија да се доведе во ситуација и тој да е пациент поради се што би го чекало доколку не настанат промените. Песната може да биде допеана само ако пеачот-народот е здрав и освестен дека неговата судбина е во неговите раце како и микрофонот кај добриот пеач.Еден цитат за на крај “после толку скршени колкови, раце, нозе, прсти, глави што ли уште не улиците нема кој да ги исчисти ќе се чека пролет да се истопат сами од себе” штрафови и колкови а и материјал нема ама купете си сами за секој случај!
Ангелчо Андоновски