Исчистени 47 км вади и канали во Кочанско

Од:

Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани во текот на 2016 година согласно планот за одржување на каналската мрежа во атарот на Кочанско, Оризарско, Прибачевско, Грдовско, Долно и Горно подлошко, Мојанско и Теранско поле исчисти 46 км вади и канали за наводнување.

Оваа каналска мрежа како дел од Хидросистемот „Брегалница“ се користеше во периодот за наводнување на полињата, додека во зимскиот период се користи за одводнување на полињата.

– Минатата година дополнителкно со наша механизација интервениравме во чистењето на крајбрежниот дел на Кочанска и Оризарска река во должина од 350 метри, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Во планот за 2017 година во атарот на Кочанското поле се планира да се исчистат 71,2 км вади и каналска мрежа.

– Но со оглед на фактот што во ноември и декември, кога дозволуваа временските услови, исчистивме 21 км вади и канали во атарот на Оризраско, Прибачевско и Грдовско поле, за интервенција во чистењето на каналската мрежа до почетокот на наводнителната сезона за напролет ни остануваат за чистење уште 50 км каналска мрежа кое нешто ке го реализираме со подобрувањето на временските услови на терен, истакна Гоцев.

Би можело да ве интересира

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош