Со натпреварот меѓу Дерби Каунти и Лестер што се игра вечерва (почеток 20:55 часот) стартуваат дуелите од 1/16 финалето на англискиот ФА куп, најстарото фудбалско натпреварување.
Утре се играат 11 натпревари од оваа рунда, а двојките се: Ливерпул – Вулверхемптон, Челзи – Брентфорд, Оксфорд – Њукасл, Линколн – Брајтон, Кристал Палас – Манчестер Сити, Барнли – Бристол Сити, Блекбурн – Блекпул, Тотенхем – Викомб, Рочдејл – Хадерсфилд, Мидлсброу – Акрингтон, Саутемптон – Арсенал.
Во недела се играат четири дуели: Милвол – Вотфорд, Фулам – Хал, Сатон – Лидс и Манчестер Јунајтед – Виган.
Бранител на трофејот е Манчестер Јунајтед. Победниците од натпреварите ќе се пласираат во осминафиналето, а во случај на нерешен резултат се игра повторен дуел за десетина дена на теренот на гостинската екипа.