Честитка од премиерот Димитриев до српската заедница за празникот Свети Сава

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на Српската заедница во Република Македонија.

– Почитувањето на празниците и традициите кои се карактеристика на културата и идентитетот на етничките заедници во нашата земја е една од најсилните заложби на Владата на Република Македонија. Празникот на српската заедница во нашата земја, претставува почит кон нејзиниот интерес, и почит кон вредностите кои ги промовираше Свети Сава кој претставува значајна личност во српскиот општествен развој, се вели во честитката.

Ваквите празници, се посочува во честитката, се одлична прилика уште еднаш да ја истакнеме значајноста и потребата на меѓусебната почит и разбирањето помеѓу македонскиот и српскиот народ, како и нашите заложби за развој и унапредување на Република Македонија како држава на сите нејзини граѓани,

– Српската заедница во Република Македонија од секогаш била почитуван сегмент, чии претставници придонеле во развојот на разни општествени сфери, како и во севкупниот напредок на земјата, и во оваа смисла уверен сум дека таквата позитивна улога и понатаму ќе биде ваше обележје, се вели во честитката.

Значајно е, стои во честитката, да продолжиме со активностите кои значат поддршка на општествениот развој на српската заедница во Македонија, и со континуиран дијалог за унапредување на добрососедство и соработката помеѓу Македонија и Србија, при што како мостови на соработка треба да бидат искористени припадниците на српската заедница во Македонија и припадниците на македонската заедница во Србија.

– Сите ние, без разлика на етничката припадност, треба да продолжиме со активностите за економски раст на Република Македонија, со унапредувањето на стандардот на сите граѓани, и со промоција на можностите за развој во секоја област која е од интерес на граѓаните. Честитајќи ви го празникот, ви посакувам добро празнично расположение и среќна слава за сите граѓани кои овој ден го прославуваат како своја куќна слава. Нека ви е честит големиот празник, се вели во честитката од Димитриев.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска