(ВИДЕО) Богоевски: Ќе процесуирам кривична постапка против Али Ахмети и Муса Џафери

Од:

Нека заврши подготвителното рочиште и во зависност од одлуката во судот ќе процесуирам кривична постапка против тужителите и сите оние кои учествуваа во оваа постапка, рече екс директорот на ДБК, Слободан Богоевски по завршување на подготвителното рочиште, на кое судот ги задолжи тужителите Али Ахмети и Муса Џафери да ги обезбедат сведоците, адвокат и нотар пред кои според нив екс разузнавачот ја дал изјавата и оргинален транскрипт од изјавата на Богоевски пред американските власти.

– Очигледно е дека се обидуваат да постигнат повеќе ефекти, да се правдаат пред електоратот дека се чесни, невини, да издејствуваат било каква пресуда тука во судовите, каде што порано по нарачки се донесуваа и да покријат кривична постапка со постапка за граѓанска одговорност, за клевета. Тоа е нон сенс, но во Македонија видовме овие години, се е возможно, рече Богоевски.

Судот повторно не се произнесе по барањето на адвокатот на Богоевски, Валентин Зафиров за утврдување на надлежност на македонскиот суд.

– Според законите на САД, не може да биде тужен за клевета лице кое сведочи пред суд за изјава дадена таму. Целта на овие тужби против него беше во предизборието, беше да се оправдаат за тоа што се води постапка во САД пред својот електорат, рече Зафиров.

Богоевски рече дека на 7 мај ќе патува во Америка, каде треба да биде изречена пресудата за случајот „Маѓар телеком“.

Следното подготвително рочиште во граѓанскиот суд е закажано за на 25 мај, а според тужбата, Богоевски треба да плати 3 милиони денари отштета за Ахмети и 2,5 милиони денари отштета за Џафери за изјавата пред американската комисија за хартии од вредност, како и пред окружниот суд во Њујорк.

Би можело да ве интересира

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

A1on

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

Полицајци го тужат МВР – ги оставиле без осигурување цела година

Докторка кардиолог деградирана на пониско работно место бидејќи си ги барала парите што болницата и ги должи

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска