Кривопаланечките планианри лани реализирале 40 акции

Од:

Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка прослави две години постоење во кои се реализирани осумдесетина планинарски акции, од кои осум меѓународни, а останатите организирани од страна на ова здружение, но и учества на акции согласно годишниот календар на Федерација на планинарски спортови на Македонија.

Оценувајќи ја 2016 година како успешна и година на значаен напредок во релативно младото здружение за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ – Крива Паланка, одговорните оттаму информираа дека лани се реализирани 40 планинарски акции од кои четири со интернационален предзнак.

– Минатата година беше година на раст, година во која ја проширивме соработката со бројни планинарски друштва од земјава и странство. Оттаму и бројката на завршени четириесет акции за планинарење, а од нив, четири меѓународни: седум дена на планина Рила во Република Бугарија, каде беше реализирана и акцијата седум Рилски езера, се искачивме на највисокиот врв на Балканскиот полуостров, Мусала, висок 2.925 метри и на Бесна Кобила во Република Србија, информира Теодор Јовановски до ЗПЗП „Калин Камен“.

Здружението брои шеесет активни членови. Веќе е реализирана првата акција годинава, до Станци, со посета на атрактивните Станечки Водопади, а претстојниот викенд се организира зимско искачување на врв Чупино Брдо.

– Чупино Брдо се наоѓа на Осоговските Планини, на 1.700 метри надморска височина. Стартот на акцијата е плоштадот во Крива Паланка, оттаму ќе се упатиме кон село Луке од каде што официјално започнува акцијата за искачување на врвот каде што треба да пристигнеме до пладне. Она што е потребно е опрема за планинарење во зимски услови и доволно течности, додава Јовановски.

Според годишниот план за 2017 планирано е да бидат реализирани 35 акции.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска