Авганистанските воено воздухопловни сили ликвидирале над 20 терористи од џихадистичката група Исламска држава во јужниот дел на земјата.
Операцијата била извршена во провинцијата Забул. Засега нема податоци за цивилни жртви.
Според експертите, во последно време се забележува зацврстување на позициите на исламистите во источниот, јужниот и северниот дел на Авганистан. Тие оценуваат дека ИД се почесто во своите редови привлекува талибански команданти и борци.