УХМР: Од утревечер, вторник и во среда повремени врнежи од снег

Од:

До крајот на денот утре времето ќе биде стабилно кон исток со сончеви периоди, а облачноста ќе се зголемува. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Минималните температури ќе бидат од -7 до -1, а максималните од -1 до 5 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда, ќе има повремени врнежи претежно од снег, со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет,

Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе бидат од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски