ЕЛЕМ: Проектот Бошков Мост нема да влијае врз популацијата на балканскиот рис

Од:

АД ЕЛЕМ смета дека ХЕЦ Бошков Мост е значаен енергетски проект бидејќи ќе придонесе за зголемување на домашното производство на електрична енергија и ќе го збогати портфолиото на обновливи извори во Република Македонија. Во рамките на развојните активности на проектот, изготвена е целосна документација во однос на заштитата на животна средина согласно законите на Република Македонија, политиките на ЕУ во врска со заштита на животна средина, како и политиките за заштита на животна средина на ЕБОР.

Во склоп на студијата за оценка на влијание врз животната средина (СОВЖС) направена е анализа на влијанието врз животната средина и биолошката разновидност вклучувајќи ги големите цицачи, а со тоа и Балканскиот рис. Врз основа на тие анализи се предвидени мерки за избегнување или намалување на влијанијата од изградба и работа на хидро-енергетскиот систем врз биолошката разновидност.

АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија ја одложи реализацијата на проектот во согласност со препораките на Бернската Конвенција. Од досегашните сознанија во врска со отворениот случај во Бернската конвенција, проектот Бошков Мост нема да има влијание врз популацијата на Балканскиот рис. Напротив, мерките за намалување на влијанието на проектот кои се предвидени во целокупната документација за заштита на животната средина и биолошката разновидност вклучуваат активности кои се во насока на зачувување и подобрување на статусот на Балкансиот рис.

Во досегашниот степен на реализација на развојните активности за проектот ХЕЦ Бошков Мост, АД ЕЛЕМ немаше потреба од повлекување на средства од кредитната линија на ЕБОР. По завршувањето на 5-годишниот период на важноста на договорот за кредитирањена проектот, неговото обновување ќе значеше зголемени финансиски импликации поврзани со одржувањето на кредитната линија. АД ЕЛЕМ продолжува со проектно-техничките активности за проектот „Бошков Мост“ во согласност со своите развојни политики, што ќе придонесе за изготвување на платформа за креирање на понатамошни инвестициски одлуки, соопштуваат од ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски