Штети кај овошките од ниските температури во Кумановско

Од:

Снегот е добредојден за есенските посеви, поволно влијае врз влажноста на почвата и ги заштитува од измрзнување, но, како што велат од Здружението на земјоделци од Куманово, штета предизвикаа ниските температури, кај овошките и лозовите насади.

– Од крајот на завршувањето на есенската сеидба до јануари имаше долг период на суша во Кумановско, немаше врнежи, па затоа снегот е поволен за есенските посеви, изјави претседателот на здружението Момчило Трајковски.

Во Кумановско се посеани над 80 отсто од планираните површини. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане за есенска сеидба беа предвидени 21.150 хектари од кои 11.000 со пченица, 6.850 со јачмен, 300 со рж и 1.250 со фуражни култури.

Под овошје, пак, се 80 хектари. Од здружението информираат дека се уште нема проценка колкави се штетите од ниските температури и дека допрва ќе се утврдуваат. – Кај овошките има одредени штети. Пријавуваат оние кои одгледуваат, но проценката ќе покаже колкави се, нагласи Трајковски.

Во здружението се регистрирани околу 3.000 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски