Фудбалерите на Интер обезбедија место во четвртфиналето на „Копа Италија“ по синоќешната победа над Болоња во осминафиналето со 3:2. Триумфот за Интер го донесе Антонио Кандрева во осмата минута од првото продолжение, откако основните 90 минути завршија нерешено 2:2.
Стрелци на првите два гола за домаќините беа Џејсон Мурилјо (34.минута) и Родриго Паласио (39), додека за Болоња погодија Блерим Џемаили (43) и Годфред Донсах (73).
Претходно пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Јувентус, Фиорентина, Наполи и Милан.
Преостанатите осминафинални двојки се:
Лацио – Џенова,
Сасуоло – Чезена и
Рома – Сампдорија.