Министерството за финансии ја намали каматната стапка за државните хартии од вредност

Од:

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност дополнително ја намали каматната стапка за 0,3 процентни поени, или на 2,1 процент камата за 12-месечни државни хартии од вредност. Пред 10 години, кога почнаа да се издаваат овие државни хартии од вредност, каматата беше петкратно повисока или над 11 отсто.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека и покрај намалената каматна стапка, интересот за државните хартии од вредност бил огромен. Иако понудата беше 400 милиони денари, побарувачката изнесуваше 2,181 милијарди денари, или пет пати повеќе од понуденото. Сепак, стои во соопштението, Министерството запиша 400 милиони денари, колку што беше понудено во проспектот.

Утре Министерството за финансии ја враќа истата сума, односно 400 милиони денари во стопанството, по основ на доспеани државни хартии од вредност. Нето-задолжувањето за оваа аукција е нула.

Според Министерството за финансии, големиот интерес на инвеститорите за државните хартии од вредност е показател за нивната доверба во економските политики кои се водат.

Денешното намалување на каматната стапка на државните хартии од вредност е второ за една недела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација