Јакимовска: Жерновски ги занемарува реалните проблеми во Центар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека градоначалникот на Центар Андреј Жерновски не реализира проекти од интерес на граѓаните, недомаќински ги троши општинските пари и оти ги занемарува реалните проблеми во општината.

Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Жерновски потрошил 1,2 милиони евра за две преуредени улици долги 370 метри, од што, според неа, било очигледно дека „нешто крие или пак се работи за сомнителни бизнис зделки“.

– Додека граѓаните имаат сериозни проблеми како недостиг на места во градинките, неасфалтирани улици во 21 век, проблеми со чистењето на снегот, недостиг на паркинг места за автомобилите и многу други работи, Жерновски им пружа уживање од 1,2 милиони евра на боемските улици пропратено со тамбураши и забави од типот на Стив Аоки кои чинат 100-тина илјади евра, а никогаш не настапи, изјави Јакимовска.

Тие пари, според Јакимовска, можеле да се вложат во изградба на шест градинки, ново модерно училиште, гасификација на сите училишта во општина Центар, решавање на проблемот со паркирање,…. – Граѓаните на Центар напролет ќе стават крај на ова незаинтересирано и боемско владеење на Андреј Жерновски, изјави Јакимовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски