МЗТ ја прекина серијата од пет порази

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до првата победа во 2017 година, откако вчера, на домашен терен, без поголеми проблеми го совладаа Задар 92:65 на отворањето од 18. коло во АБА лигата.

Со ова воедно беше ставен крај на црната низа од пет порази, која дојде како плод на големите проблеми со повредите на играчите, но и со тешкиот распоред.

Избраниците на тренерот Анте Назор максимално мотивирано влегоа во средбата и уште од првиот момент покажаа дека се решени да го дадат максимумот за да ги освојат двата бода. Предноста беше обезбедена уште на стартот, а потоа таа се зголемуваше од четвртина во четвртина, достигнувајќи 21 поен на стартот од последниот период (71-53), што беше потврда на значајниот триумф.

Во триумфот над директниот ривал во битката за опстанок, најдобар играч беше Џош Скот со 18 поени, шест скока и три асистенции одново беше централна фигура во нашиот тим, а одлично одиграа и Ѓорѓе Дреновац со 18 поени, Марко Симоновски со 17, Шарлон Клоф со 13 поени и пет асистенции и Јуре Лалиќ со 12 поени и осум скока.

Аеродромци и следниот меч ќе го одиграат во Скопје, но како гости кај Карпош Соколи наредниот петок во салата „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска