Снегот ги заштити есенски посеви, студот закана за младите лозја и овошки

Од:

Формираната снежна покривка насекаде во Македонија ги заштити есенските посеви од екстремните минимални температури, но поларниот студ може да предизвика измрзнување кај младите лозја и овошки, посебно долж Повардарието и во Малешевијата.

Како што информира УХМР, ниските температури кои во житородните региони Битола и Штип достигнаа -24,6 и -20,6 степени, се повисоки од историските податоци и многугодишниот просек, -30,4 степени во Битола и -22,7 во Штип.

– Издржливоста на посевите во вакви услови е многу поголема од овие измерени температури. Но, минималните температури забележани во изминатиот период, од -10 во Гевгелија до -28 во Берово и -16,6 во Демир Капија, укажуваат на опасност од делумно измрзнување на родните окца кај виновата лоза, особено кај младите насади. Слична е состојбата и со овошните насади во Малешевијата каде температурите беа повисоки од -28 степени, а издржливоста на коскестите видови е од -25 до -35, особено кај младите насади кои имаат поголемо количество сокови во стеблото и гранките и се поподложни на измрзнување, велат агрометеоролозите.

Според нив, евентуалните штети од измрзнување во овој момент не може да се констатираат се додека не почне пролетното кроење каде може и дополнително да се коригираат одредени состојби.

– Во наредниот период повремените врнежи од снег ќе ја одржуваат снежната покривка на ниво кое е доволно за заштита, заради фактот дека и сувиот мраз го испарува снегот и ја намалува дебелината на покривката. Очекуваните минимални утрински и дневни температури ќе бидат повисоки од повеќе постигнатите, со што презимувањето ќе се изведува со сличен интензитет, објаснуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски