Најладно во Струмица -17, во Маврово 52 сантиметри снег

Од:

Во Македонија утрово најниска температура е измерена во Струмица -17 степени. Следат -16 во Битола и Скопје Петровец, -15 во Куманово, Д. Капија и во Берово, -14 Штип, -12 Скопје, -11 Прилеп, -10 Виница, -9 Гевгелија, Кр. Паланка, -8 Лазарополе, Дебар, -6 Маврово, Тополчани, Пожаране, Претор, Ѓуриште, -5 Охрид, Крушево и -4 во Дојран.

Како што соопшти УХМР, снежната покривка измерена во 7 часот е највисока во Маврово 52 сантиметри, а најниска еден сантиметар во Дојран. Во Лазарополе 42, 36 во Пожаране, 33 во Тополчани, 28 Берово, 25 Дебар,24 Ѓуриште, 23 Крушево, 19 Битола, 16 Кр. Паланка, 15 Куманово, Струмица, Претор, 12 Виница,11 во Д. Капија, Штип и Охрид, 10 во Скопје и Прилеп и 2 во Гевгелија.

Не се регистрирани нови врнежи.

Времето утрово е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а на повисоките места и на планините дува слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини има појава на слаба магла.

Ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе има затоплување. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне и кон крајот на денов во западните делови на планините ќе има повремен снег, на повисоките места со дожд и снег, а на пониските од дожд. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Температурата ќе достигне од -1 до 5 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер, ќе има појава на слаба магла. Температурата ќе достигне до околу 3 степени.

Oд понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, па времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи претежно од дожд, на некои повисоки места о дожд и снег, а на планините од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски