Утре ниски температури, некои региони во портокалова фаза

Од:

Согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство.

Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години, остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион – Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).

За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза, се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли напитоци.

Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напитоци и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски