Со голот на Карлос Бака постигнат во 88. минута вечерва на „Сан Сиро“ во Милано, екипата на Милан забележа минимална победа (1:0) против Каљари. За „росо-нерите“ новите три бода значат задржување на шансите за висок пласман, додека Каљари е во вториот дел на табелата.
Резултати на другите натпревари од 19.коло во Италијанското фудбалско првенство:
Удинезе – Интер 1:2,
Киево – Аталанта 1:4,
Џенова – Рома 0:1,
Лацио – Кротоне 1:0,
Сасуоло – Торино 0:0,
Емполи – Палермо 1:0,
Наполи – Сампдорија 2:1.
Вечерва (20:45 часот) лидерот и шампион Јувентус ја пречекува Болоња.
Натпреварот Пескара – Фиорентина е одложен.
Табела: Јувентус 42 бода, Рома 41, Наполи 38, Лацио 37, Милан 36, Аталанта 35, Интер 33,…