Од петок Политико на Канал 77

Од:

Eмисијата „Политико“ која ја води Саше Ивановски, од петок, ќе биде емитувана на националното радио Канал 77, а прв гостин ќе му биде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Првата емисија на „Политико“ ќе биде емитувана на радиофреквенцијата после вестите во 17 часот.

Водителот Ивановски на својот профил на Фејсбук најави дека Георгиевски „ќе има можност да одговори на нападите упатени кон него од провладини паразити“.

Емисијата „Политико“ до скоро време беше емитувана на „Наша ТВ“, која ја симна од програмата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски