АМС донираше спортска опрема во ПОУ „Златан Сремец“ во Скопје

Од:

Агенцијата за млади и спорт денеска донираше спортска опрема во ПОУ „Златан Сремец“ во Скопје.

Донацијата од спортски и рекреативни реквизити ја врачи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски, заедно со студентите од Филизофскиот факултет-Скопје, од отсекот Социјална работа и социјална политика, како и триесетина волонтери на Црвениот крст центар.

Со денешната активност, Агенцијата за млади и спорт ги одбележа Меѓународниот ден на лицата со хендикеп и Интернационалниот ден на волонатризмот.

Директорот Поповски изрази надеж дека со оваа дониција, дечињата од „Златан Сремец“, поквалитетно ќе ги поминуваат своите училишни денови.

– И овој пат, Агенцијата за млади спорт мислеше на децата и на нвните потреби. За таа цел, денеска донираме спортски реквизити со преку кои ќе им го разведриме денот на дечињата од ПОУ д-р Златан Сремец. Но, нашето залагање нема да застане тука. Ние и понатаму ќе продолжиме да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно, нагласи директорот Поповски.

По завршувањето на претставата, дечињата од ПОУ д-р Златан Сремец, заедно со волонтерите од Црвен крст-Центар и студентите по социјална работа и социјална политика, своите активности ги продолжија во дворот на училиштето. Најпрво се играше кошарка, а потоа започнаа и со акција на бојадисување на фасадата и оградата на училиштето.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска