Зголемен број на пациенти со скршеници во Итната медицинска служба во Делчево

Од:

Зголемен е бројот на пациенти кои поради скршеници и набиеници побарале медицинска помош во Итната медицинска служба во Делчево. За период од неполни 18 часа во делчевската Итна медицинска служба се примени десетина пациенти со скршеници, изместувања и пукнатини на екстремитетите, информира д-р Гоце Стојменовски, раководител од службата.

-Од синоќа до денеска на пладне пружена е итна медицинска помош на десетина пациенти на возраст од 35 до 65 години поради, контузии, фрактури, фисури, луксација на екстремитетите. Сите пациенти се препратени во најблиските ортопедски центри во болниците во Кочани и Штип, потенцира д-р Стојменовски.

Тој препорачува до граѓаните да не излегуваат без потреба надвор и да внимаваат при движењето, бидејќи снегот во комбинација со ниските температури предизвикува замрзнување на улиците и тротоарите и може да дојде до несакани повреди.

Д-р Стоменовски, исто така, инфрмира дека нивните возила отежнато се движат по повисоките делови од градот, како и по селските средини, посебно во селата Бигла, Разловци, Драмче, Селник, поради остатоците од снег по патот.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост